Третина од Британците не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот

Повеќе од една третина, или 35 проценти од Британците, веројатно нема да се вакцинираат против коронавирус, покажа најнова анкета.
Вкупно 48 проценти од Британците се загрижени дека вакцината не е безбедна, додека 47 проценти од нив се загрижени дека таа нема да биде ефикасна, покажува истражувањето спроведено од „Опиниум“ за весникот „Обсервер“.
Повеќе од половината или 55 проценти од испитаниците изјавиле дека се загрижени за несаканите ефекти од вакцинацијата, пренесе Анадолија.
Меѓутоа, само 20 проценти изјавиле дека нема да ја примат вакцината кога ќе стане достапна и доколку владата препорача вакцинација.
Тоа е помалку од пред две недели, кога на истото прашање позитивнио изјавија 24 проценти од анкетираните.
Дека ќе ја примат вакцината кога ќе стане достапна и доколку тоа владата го препорача изјавиле 68 проценти од испитаниците, што е само мало зголемување од 67-те проценти пред две недели.
Британското Министерство за здравство објави дека вакцината од утре ќе стане достапна за сите.
Првото количество од вакцината на „Фајзер“ и на „БиоНТек“ во земјата пристигна минатиот четврток, а следната недела во Велика Британија ќе бидат достапни околу 800.000 дози.
Владата нарача четириесет милиони дози од вакцината, што е доволно за дваесет милиони Британци, кои ќе добијат две дози во период од 21 ден.
Вакцината прво ќе им биде дадена на вработените и корисниците на домовите за стари лица, потоа постарите од осумдесет години, како и здравствените и социјалните работници.
Ново на Сител
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
-

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје
