-->
-->
Трета победа за Милан во Серија-А
-->
Милан стигна до 3:0 победа над новиот прволигаш Специја за да го продолжи совршениот старт на новата сезона во Серија А и со три победи во три меча да се приклучи на Аталанта на врвот на табелата.
Специја, клубот кој оваа сезона првпат игра во италијанската елита, убаво го намачи фаворизираниот противник, но на крајот си замина од „Сан Сиро“ без поени.
Во стартниот состав на Милан имаше дури седум фудбалери родени по 1 јануари 1999 година, а просечната возраст на тимот беше 22 години и 287 дена, што е најмлад тим во Серија А од 2004 година.
Во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, кој се опоравува од КОВИД-19, Хакан Чалханоглу повторно беше инспиратор на играта на „росонерите“, нафрлувајќи му ја топката на Рафаел Леао во 57. минута за единствениот гол на мечот. Тео Ернандез, во 75. минута со убав пробив го реши победникот матирајќи го противничкиот голман, пред само две минути подоцна Рафаел Леао да го постигне својот втор гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“
-
Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно на клупата на Бразил
-
Меџити до Таравари: Ти не ја напушташ Владата, ти ја предаде Владата