Loading Video...
Кошарка
18. November 2020 - 18:37

Трета победа на МЗТ Скопје на турнирот во Златибор во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со победа го заокружија првиот турнир во АБА2 лигата
 
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром го победи тимот на Борац од Бања Лука со 99-75 во меч од 4.коло на АБА 2 лигата, со што аеродромци со три победи и еден пораз го заокружија својот настап на првиот од трите турнири во регуларниот дел од сезоната на ова натпреварување. 
 
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојиќ со 26, додека Олуџоби постигна 22 поени 
 
Нашиот втор претставник во ова натпреварување инаку дебитант, Работнички имаше половичен учинок на турнирот. Тимот од Градски парк првиот круг го заврши со две победи и два порази. 
 
Следниот односно вториот турнир според најавите треба да се игра во јануари месец, а засега местото не е потврдено. На истиот како и во Златибор ќе се играат четири кола, додека на последниот трет турнир ќе бидат одиграни пет кола, по што осумте најдобро рангирани екипи ќе играат во плејофот.