Loading Video...
Ракомет
28. October 2021 - 18:23

Трет пораз во низа на Вардар во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар го претрпеа и третиот пораз во низа во елитното натпреварување.  Едно добро полувреме беше премалку за ракометарите на Вардар да го совладаат  германскиот Кил во меч  Лигата на шампионите 
 
Иако во првиот дел имаа три голови предност и тоа благодарение на фантастичниот Томовски кој оствари 12 одбрани и Дибиров кој постигна седум голови, сепак во вториот дел црвено-црните беа надиграни од противникот па на крајот Кил сосема заслужено славеше победа со 26-29
 
„Во еден моменти имавме три разлика и застнавме! Не знам што се случи. Пак направивме неколку технички грешки, примивме лесни и брзи голови, а примивме 19 гола во вториот дел,  тоа е премногу за Вардар и за мојата филозофија. Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар, бидејќи очекуваме многу повеќе од нив, ако Вардар сака да направи нешто повеќе тие играчи ќе мора да го оправдаад доаѓањето овд“, изјави по мечот тренерпот на вардарци Веселин Вујовиќ.
 
И на другите две средби од А групата, победа на гости забележа Монпелје кај ППД Загреб со 25-22, ододека Сегед го совлада Албор со 3128. 
 
Со дуелот меѓу Мешков Брест и Елверум (вечерва) ќе биде комплетирано 6.коло, а во наредното седмо, закажано за 18 ноември, Вардар го очекува гостување во Унгарија кај Сегед