Трет јавен оглас за избор на транспортер за градскиот превоз во Кочани

Локалната самоуправа на Кочани планира да потроши над 800 илјади денари со кои ќе го субвенционира функционирањето на јавниот градски превоз во наредниот едногодишен период.
Јавниот оглас за избор превозник е објавен по трет пат, откако досегашниот транспортер се откажа од обезбедување на услугата, а претходните два огласи беа неуспешни.
Советот на општина Кочани веќе даде согласност субвенционирањето од буџетот да изнесува 50 отсто од цената на билетот, односно на секои 10 денари што ќе ги плати патникот, на превозникот да му се доплаќа уште толку.
- Превозникот „Авто атом“ кој досега го извршуваше градскиот превоз од почетокот на август престана да ја обезбедува услугата затоа што не се согласивме со условите што ни беа поставени од негова страна. Едноставно, бевме уценети по првиот распишан повик затоа што ни беше побарана цена од 30 денари за билет, сума што не е во согласност со одлуката на Советот, истакна градоначалникот на Кочни, Николчо Илијев.
Со јавниот повик за избор на нов транспортер, што трае до 20 септември, определено е дека јавниот градски превоз ќе се одвива на линиите од селото Оризари преку населбите Усова Чешма и Бавчалук, спојот на улицата „Бел камен“ со „Страшо Ербапче“ до Лесна индустрија и обратно.
Продолжувањето на функцијата на јавниот превоз се спроведува во согласност со одредбите во Законот за локална самоуправа според кој Општините се надлежни за уредување и организирање на јавниот локален транспорт на патници. Законска обврска за организирање јавен превоз имаат општините со повеќе од 100 илјади жители, но општина Кочани од пред пет години самоинцијативно го започна давањето на услугата.
Ново на Сител
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
-

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога
-

Иран утрово повторно нападна неколку земји од Персискиот Залив, се огласија сирените за узбуна во Израел
