-->
-->
Трет ден на Роланд гарос
-->
Во Париз актуелни се натпреварите на вториот Гренд слем турнир годинава.
Третиот натпреварувачки ден на Роланд Гарос засега не донесе изненадувања во машка конкуренција.
Така, топ фаворитот Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови го совлада Лу од Таипеи.
Британецот Мареј кој се 2-ностиетл мечот со Радек Степанек го играше во два дена. Откако синоќа истиот беше прекинат поради дожд, при водство на Чехот од 2:1 во сетови, денеска Мареј го доби четвртиот сет со 6:3, а решавачкиот петти со 7:5.
Затоа пак 4 носител Рафаел Надал експресно со 3-0 го победи Австралиецот Грот кому во трите сета му препушти по само 1 гем.
Пласман во 2-коло обезбеди и 7.носител Бердих од Чешка.
Затоа пак кај дамите, елиминација претрпе шампионската од Австралија опен, Кербер од Германија која како 3-та носителка на Роланд Гарос загуби со 2-1 од Холанѓанката Бертенс,
Пласман следната рунда кај дамите обезбедија, Русинките Цибулкова и Макарова, Србинката Јанковиќ, како и 9-та носителка Венис Вилијамс која двата сета против Контавиети од Естонија ги доби во тај-брејк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид