-->
-->
Тренер кој освоил 24 титули нема потреба да се нуди
-->
Тренерот на Металург, Лино Червар, одговори на шпекулациите дека е кандидат за клупата на унгарскиот шампион Веспрем, кој во неделата му врачи отказ на Шпанецот Антонио Карлос Ортега.Некои медиуми шпекулираа дека Червар сам се понудил за работа во Веспрем, а во понеделникот спортскиот портал од Унгарија „nemzetisport.hu“, објави дека хрватските трнери Славко Голужа и Лино Червар се најсериозните кандидати за тренерската позиција во клубот.
„Немав ниту еден официјален разговор со никого од ракометниот клуб Веспрем, се колнам во моите деца, ниту еден разговор“, рече Червар.
Червар смета дека тој и неговата работа му пречат на некого во Македонија, па поради тоа некој води валкана кампања против него.
„Некој ме има земено на ‘заб’, како да сум вишок тука во Македонија, како да му пречам на некого, или, пак, можеби некој се плаши од мене. Ниту мене, ниту на моето семејство не ни е драго што започнаа да ме прислушуваат, да ми се гледа во џебот. Мислев дека тоа не е можно, мислев дека тоа беше можно во старата Југославија, да се прислушува, да се гледа кој што има. Уште ќе испадне дека јас сум без конкуренција најбогатиот човек во Македонија, дека сум единствениот кој не плаќа данок. Наводно додека играчите не примале плата, јас сум ја добивал, па се сетив на Черчил кој рекол: „Лагата ќе обиколи половина од светот додека вистината ги облече панталоните.“ По се што се случи нема да коментирам, некој сака да го извалка моето име во мојата земја и по цела Европа“, рече Червар.
Предводникот на Металург дополни дека ‘вистината е на негова страна’ и дека многу му значи поддршката која ја добива од вистинските пријатели.
„Само ќе ви кажам што ми напиша мојот поранешен играч Киро Лазаров, јас му бев првиот тренер кога тој замина од Македонија: „Вистината е како лав. Ти немаш потреба да се бориш за вистината, опушти се, таа сама ќе се одбрани“. Значи ми преостанува да верувам во Свети Аугустин, да верувам во Бога и во вистината. Имам освоено седум медали, два пати ја предводев репрезентацијата на светот, јас кој сум освоил 24 титули во четири различни држави и јас треба да му се нудам на некого“, заврши Червар.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
-

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме
