Трас ќе биде нова премиерка на Велика Британија
Лиз Трас е избрана за нова претседателка на британската Конзервативна партија, што значи дека ќе го наследи Борис Џонсон на функцијата британски премиер.
Трас добила 81.326 гласови, а за нејзиниот политички опонент, поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, гласале 60.399 членови на Конзервативната партија. Излезноста на внатрепартиските избори изнесува 82,6 проценти. Трас во Владата на Џонсон ја извршуваше функцијата министерка за надворешни работи. Трас ќе биде трета британска премиерка, по Тереза Меј и Маргарет Тачер.
Британската кралица Елизабета Втора утре во замокот Балморал во Шкотска ќе ја прими Трас и ќе ја именува за нова лидерка на ториевците и премиерка на Велика Британија. Потоа Трас ќе се врати во Лондон и ќе ги објави имињата на министрите во новата британска влада. Првата седница на новата британската влада ќе се одржи на 7 септември. За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора сменети се 14 премиери
Ново на Сител
-
Пронајдена златна маска на приватен имот во Охрид | ФОТО
-
По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
-
Дел од Општина Карпош без вода
-
Приведени двајца криумчари на мигранти
-
„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО
-
Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони | ФОТО
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години