-->
-->
Транссексуалец роди син: Го пресоблекува, дои и успива!
-->

Еван Хемпел е роден како жена, во 2003. година почнал да зема хормони и физички да изгледа како транссексуален човек, но никогаш не ја изгубил желбата во рацете да држи бебе.
Пред пет години тој и неговата партнерка одлучиле да прекине да го зема тестостеронот и започнал процес на вештачко оплодување со сперма од донатор. По неколку неуспешени обиди Хемпел забременил во 2015. година и родил син во пролетта 2016. година, пишува списанието „Time“.
Додека некои тртанссексуални мажи имаат проблем со прифаќање на физичките промени за време на бременоста, Еван уживал во својата улога.
- Не знаев како треб да се чувствувам, но мене ми беше одлично зато што моето тело може тоа да го направи, - рекол Еван.

Поголем проблем му било да објаснува на луѓето дека и мажите можат да забременат, затоа што многумина не знаеле дека тој е роден како жена. Тие мислеле дека се здебелува поради пиење пиво. Но имало и многумина кои го подржале.
- Луѓето велат дека бременоста привлекува големо внимание, но во поголемиот број на случаи тоа мене не ми се случи. Не сакам да привлекувам внимание со телото, - рекол тој.
Тој имал проблем со одбивање на здравствено осигурување да му ги покрие трошоците за тестовите кои ги правел, затоа што во сите документи бил регистириран како маж.

- Роден сум како жена, но мојот пол е машки, - истакнал тој.
На крајот ги променил документите и се изјаснил како жена. Пораѓањето минало добро, а Еван дои син. Откако ќе престане да го дои, планира повторно да зема тестостерон за да му се повлечат градите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
-

Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја
-

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства
-

Нетанјаху признал дека тешко влијае врз Трамп во врска со Иран
