Транспортот на мигрантите се одвива без проблеми
Транспортот на мигрантите од јужната кон северната граница на Македонија во текот на изминатава ноќ и утрово се одвива без проблеми и организирано, беше потврдено на координативниот состанок во Гевгелија. На состанокот беше констатирано дека состојбата на границата е нормална и под целосна контрола на специјалните полициски сили и АРМ.
Во прифатниот камп, според проценките на УНХЦР синоќа пристигнале околу 2.000 бегалци кои по задржување од три до четири часа со два вонредни воза заминале за Табановце. Од железничката платформа кај прифатниот камп во Гевгелија утрово кон Табановце заминаа уште два воза со околу 2.000 мигранти.
Прифатниот камп функционира беспрекорно. Во евиденцијата на мигрантите помагаат активисти од граѓанското здружение „Млади правници“, а Здравствениот дневен центар и пунктот на Црвениот крст во кој дневно се даваат по педесетина интервенции, работат деноноќно.
Бројните меѓународни и домашни невладини организации ценат дека бегалската криза е канализирана и дека во магацините има доволно залиха на храна и вода за бегалците. Сепак останува апелот до сите кои сакаат да им помогнат на бегалците да донираат храна и вода затоа што никогаш не се знае во колкав број ќе пристигнат во прифатниот камп во Гевгелија.
Ново на Сител
-
На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна
-
Најстудено утрово во Берово, на Попова Шапка 19 сантиметри снег, а најтопло во Крушево
-
Македонските футсалци вечерва против Холандија во евроквалификациите
-
Кина повикува на преговори за крај на војната во Украина и на траен прекин на огнот во Појасот Газа
-
Мицкоски, Перински и Селими во Кисела Вода во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“
-
Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените
-
Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители