Транспортниот сектор трпи загуби поради коронавирусот, бараат поддршка и помош

Транспортниот сектор бара поддршка и помош поради загубите што ги трпи по новонастаната ситуација со коронавирусот. Загубите, велат, допрва ќе се анализираат.
– Неопходна е поддршка и помош на секторот кој се соочува со нереализирање услуги, неисполнување на договори, намален број на патници, ограничувања за движење на стоки, принудно отсуство на возачи, а зголемување на трошоците за македонските фирми, се наведува во денешното соопштение објавено по вчера одржаниот состанок на транспортниот сектор, АМЕРИТ и Транспорт Легис со претставници од надлежните институции.
Поради ситуацијата со коронавирусот, транспортерите бараат донација на средства за дезинфекција за редовна дневна дезинфекција на возилата за превоз на патници, дистрибуција на летоци и постери за постапување во случаи на контакт со заболени, лична хигиена и информации за контакт, субвенционирање на придонесите за плата на вработените во периодот во кој се применуваат мерките за превенција од ширење на Ковид -19 и банките да дозволат мораторум на ратите за плаќање на кредитите.
Со цел да се избегне изрекување глоби и санкции поради нередовното одржување на линиите и непридружување кон возниот ред, превозниците да достават информација до Здружението на превозници ТРАНСПОРТ ЛЕГИС – Скопје, за линиите кои не се во можност да се одржуваат за да може оваа информација да се препрати до надлежните органи.
Се предлага и АМЕРИТ да назначи контакт лице со Меѓународната унија за патен транспорт за доставување на ажурирани информации до транспортерите, а во врска со мерките што другите земји ги превземаат и влијаат врз патниот товарен и патнички транспорт.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
