Трансформација за почит: Ослабна 25 килограми и стана фитнес инспирација
Џели Дивоут е девојката чија трансформација ќе ве фасцинира, а воедно и мотивира да започнете со подготовка на вашето тело за летниот период.
Со помош на напорни тренинзи, таа ослабна 25 килограми. Во целост си го трансформираше телото и стана фитнес инспирација за многумина.
„Видов фотографија од себе во бикини и тоа ме поттикна да започнам да го трансформирам моето тело. Се мразев себеси и сметав дека изгледам ужасно“ – изјави Дивоут.
„Баба ми ми рече: Имаш качено многу килограми. А кога твојата баба, која секогаш сака да те „полни“ со купишта храна, смета дека си се здебелила, тоа боли“ – изјавила Џели.
Од тогаш, па се до денес Џели редовно е физички активна и води грижа за сите намирници кои ги консумира.
За сите оние кои сакаат да ги намалат килограмите и да бидат во одлична фит форма Џели има свој блог каде успешно пренесува искуство и мотивира за совршен изглед.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци