-->
-->
Трансферот на Нејмар во Јунајтед е илузија?!
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, рекол дека трансферот на Нејмар за 200 милиони евра е невозможма мисија, најмногу поради тоа што „Барселона нема да сака да се откаже од Бразилецот“.
На почетокот на неделата каталонскиот весник Спорт објави дека Манчестер Јунајтед втора година по ред е подготвен да го собори трансфер рекордот, односно по Пол Погба, на „Олд Трафорд“ да го донесе Нејмар.
„Секогаш се обидувам да бидам објективен во преговорите со другите клубови, прашувам кој фудбалер би можел да го добијам. Трансферот на Нејмар е апсурден, клуб каков што е Барселона нема да го пушти. Во Барселона само Меси е подобар од него, млад е и ќе се обидат да го задржат што е можно подолго. Тоа е исто како кога се обидувате да искрѓите сеф, едноставно невозможно“, изјавил Мурињо за бразилскиот ESPN.
Нејмар пред неколку месеци потпиша нов договор со Барселона до 2021 година, во кој е вметната откупна клаузула од 200 милиони евра. Според каталонскиот весник Спорт, Јунајтед бил подогтвен да ја активира клаузулата, а на Нејмар да му понуди годишна плата од 25 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од министерката за финансии за навредите кон пратеничката Петровска
-
Гаши ги следи реакциите за вчерашната седница за пратенички прашања
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција