Трамп за самитот со Путин: Не сакам да имам залуден состанок

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин само кога може да се очекува продуктивен самит.
Трамп не ги потврди директно медиумските извештаи кои сугерираат дека планираната средба со неговиот руски колега била одложена или ставена во мирување, пренесе ДПА.
Меѓутоа, на новинарско прашање што знае за наводната промена на плановите и дали тоа ќе влијае на неговиот став за потенцијалната продажба на крстосувачки ракети Томахавк на Украина од САД, тој рече: „Не сакам да имам залуден состанок.
-Не сакам да губам време, па ќе видиме што ќе се случи, додаде Трамп во Овалната соба.
Трамп рече дека сè уште не е донесена одлука и не е јасно дали тој мислел на потенцијална средба со Путин или на прашањето за продажба на ракети со долг дострел на Украина.
Тој рече дека ќе даде нови информации во наредните два дена и го повтори својот став дека фронтовите во Украина треба да бидат замрзнати како дел од секој напор за ставање крај на конфликтот.
Неколку американски медиуми претходно објавија дека планираната средба на Трамп со Путин во Будимпешта изгледа сè понеизвесна.
Веб-страницата Политико објави, цитирајќи ја Белата куќа, дека планираната средба во Будимпешта веќе не е во план откако американскиот државен секретар Марко Рубио завчера разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Си-Ен-Ен исто така, цитирајќи извори од Белата куќа, јави дека самитот може да биде одложен, при што прелиминарната средба меѓу Рубио и Лавров, на која се гледа како клучен чекор пред да се сретнат претседателите, е ставена во мирување.
Ен-Би-Си Њуз јави дека телефонскиот разговор во понеделникот бил „продуктивен“, но дека официјални лица сметаат дека Русија и Украина не се подготвени за сериозни мировни преговори.
Вашингтон пост исто така објави дека нема планови за средба во блиска иднина.
Барањето од ДПА до Белата куќа и Стејт департментот засега е неодговорено.
Трамп во четвртокот објави дека сака да се сретне со Путин во Будимпешта за да разговара за војната во Украина. Американскиот претседател не прецизираше датум но набргу потоа зборуваше за „веројатно во следните две недели“.
МИА
Ново на Сител
-

ГОБ „8 Септември“ доби нова хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти
-

Следува период на суво и стабилно време со студени утра и магла во некои котлини
-

33-годишник се возел со „калашников“ во Арачиново
-

Струмица: Инспектор добил отказ па наместо да го предаде пиштолот го извадил и испукал куршум
-

Уапсено лице од велешко, возел со 2,84 промили алкохол во крвта
-

Единаесет месеци затвор за родителот од „Шкупи“, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница
-

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии - Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел
-

Уапсен 25-годишник, со пиштол ограбил две филијали за брзи кредити во Скопје | ФОТО
