Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, упати драматично предупредување преку својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), најавувајќи дека вечерва светот ќе биде сведок на еден од најважните моменти во својата историја, кој би можел да значи крај на една цела цивилизација, но и потенцијален почеток на нова ера за Иран.
„Цела една цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, во еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. Четириесет и седум години изнуда, корупција и смрт конечно ќе завршат. Господ да го благослови големиот народ на Иран!“, напиша Трамп во својата објава на Трут Соушл.
Претходно, Трамп му постави ултимативен рок на официјален Техеран за итно запирање на сите воени активности и деблокада на Ормуската Теснина, заканувајќи се со ’невидени последици‘ доколку ба
Претходно, Трамп му постави ултимативен рок на официјален Техеран за итно запирање на сите воени активности и деблокада на Ормуската Теснина, заканувајќи се со ’невидени последици‘ доколку барањата на Вашингтон не бидат исполнети во целост. Американскиот претседател во неделата на својата платформа прецизираше дека крајниот рок е вторник во 20:00 часот по локално време во Вашингтон, што според македонско време е среда наутро, во 02:00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
