Трамп за договорот меѓу двете Кореи: Ќе видиме што ќе биде

Најавата дека Сеул и Пјонгајнг се договориле за одржување на средба на лидерите на двете земји кон крајот на април и за воспоставување на „жешка телефонска линија“, американскиот претседател Доналд Трамп само кусо ја прокоментира со зборовите дека допрва „ќе видиме што ќе биде“.
Коментарот на Трамп следи по денешната најава на шефот на јужнокорејската делегација што вчера престојуваше во Северна Кореја, Чунг Еуи-јонг, дека на разговорите бил постигнат договор за средба на врвот кон крајот на април во Панмунџон по повеќе од една деценија и за воспоставуавување „жешка телефонска линија“ меѓу претседателите на двете земји за намалување на тензиите.
- Северна Кореја стави до знаење дека ќе нема потреба да ја задржи својaта нуклеарна програма ако воените закaни против неа бидат решени, а за тоа Јужна Кореја доби кредибилни безбедносни гаранции. Севeрна Кореја изрази подготвеност да разговара со САД за денуклеаризација и нормализација на односите, изјави Чунг.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, попладне услови за пороен дожд
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
