Трамп во пресрет на сoстанокот на Флорида: Зеленски нема ништо додека јас тоа не го одобрам

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на очекуваниот утрешен состанок со Володимир Зеленски, кој треба да го претстави украинскиот план за постигнување мир, за Политико изјави дека украинскиот претседател „нема ништо додека тој тоа не го одобри“.
Се очекува Зеленски утре во 15 часот по локално време да се сретне со Трамп на Флорида. На новинарите Зеленски им изјави дека со себе носи нов мировен план од 20 точки, според весникот.
Рамката вклучува предложена демилитаризирана зона, а се очекува состанокот да се фокусира на безбедносните гаранции на САД.
Сепак, во интервјуто, пишува Политико, Трамп беше умерен кон најновиот обид на Зеленски и не брзаше да го поддржи предлогот на украинскиот претседател.
– Нема ништо додека јас тоа не го одобрам. Па ќе видиме што има, рече Трамп.
Тој сепак верува дека би можел да има продуктивен состанок овој викенд.
МИА
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
