Трамп во интервју за Фокс њуз: Украина „Можеби некогаш ќе биде руска“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.
„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз.
„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс њуз.
Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретји минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.
На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.
Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.
Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Киев.
Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
