-->
-->
Трамп: Владата треба да преземе удел во компаниите што ќе ги помогне поради пандемијата
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владата би требало да преземе дел од акциите во компаниите, кои финансиски би ги помогнала поради пандемијата со новиот коронавирус.
Тој навде дека борбата против Ковид-19 е „медицинска, а не финансиска војна“.
Предлогот на Трамп беше оценет како невообичаено мешање на државата во приватниот сектор. Републиканците во Конгресот изразија загриженост дека тоа би можело да доведе до ситуација во која Владата бира победници и губитници.
– Ќе и помогнеме на авиоиндустријата. Ќе ја помогнеме индустријата за крузери, најверојатно и хотелиерите и малите фирми, посочи Трамп.
Тој, исто така додаде дека федералната помош не реба да ја користат компаниите за да ги откупат своите акции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток
-
Продолжен викенд
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска е Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања