Трамп вети силна војска и крај на војните
Доналд Трамп синоќа вети „силна армија“ и крај на војните на Блискиот Исток и Украина, а министерствата за одбрана и за надворешни работи уверија дека до јануари непречено ќе се изврши трансферот на власта од демократите на републиканците до 20 јануари следната година.
На забавата на неговиот имот Мар а Лаго во Палм Бич, Флорида, новоизбраниот претседател изрази задоволство од неговите номинации за здравствена заштита, правда, одбрана и Комитетот за „владина ефикасност“ на Илон Маск.
-Треба повторно да станеме одлична земја со ниски даноци и силна војска. Треба да се грижиме за нашите вооружени сили. Го направивме тоа и претходно, ќе мораме да го направиме тоа повторно – рече Трамп, критикувајќи ја „огромната сума“ од околу еден трилион долари што САД ја потрошиле во Авганистан помеѓу 2001 и 2021 година. Оваа колосална бројка ја објави претседателот Џо Бајден при повлекувањето на американската војска од таму во август 2021 година.
Трамп вети дека „ќе работи на Блискиот Исток и ќе работи многу напорно за Русија и Украина“, велејќи дека „ова мора да престане“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Важно е состанокот со банките за унгарскиот заем да заврши успешно
-
„Тинекс“ - 30 години успешно работење и постојана инвестиција во развој и иновации
-
Уапсени две лица на натпреварот Франција – Израел
-
76-годишна скопјанка измамена од Ганец, во повеќе наврати му праќала 8.000 евра и телефони
-
АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија
-
Денеска последната супермесечина за оваа година
-
Кирјос по двегодишна пауза се враќа на тенискиот терен
-
Фалкао најдобар колумбиски стрелец во историјата