Трамп упати нова навреда кон Џејмс Коми
- Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова навреда кон поранешниот директор на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, нарекувајќи го „одвратен“.
Ваквата навреда на сметка на Коми, Трамп ја изрече по интервјуто на поранешниот прв човек на ФБИ за Еј-Би-Си, објавено во пресрет на промоцијата на неговата книга „Висока лојалност“.
Коми во интервјуто изјави дека решил да иницира истрага за електронските писма на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, затоа што бил убеден дека таа ќе го победи Трамп на претседателсите избори во 2016 година.
- Неверојатно. Џејмс Коми тврди дека анкетите во која води нечесната Хилари, биле причина за (глупавата) истрага за и-мејлите на Клинтон. Со други зборови тој носел одлуки, затоа што мислел дека таа ќе победи и дека си ја сакал работата. Одвратен, напиша Трамп денеска на Твитер.
Претходно неделава, Трамп исто така на Твитер го обвини Коми дека е „докажен предавник и лажго“. с
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија