Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „рускиот упад со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка“, но исто така изрази фрустрација поради инцидентот што ги налути Варшава и другите сојузници на НАТО.
„Можеби било грешка, но без оглед на тоа, не сум среќен за ништо што има врска со целата ситуација. Но, се надевам дека ќе заврши“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа пред да замине за Њујорк со претседателскиот хеликоптер.
Потоа Трамп додаде дека ќе ја осуди Русија „дури и затоа што е блиску до таа линија“. „Не ми се допаѓа. Не сум среќен поради тоа“, рече Трамп.
Полска побара од своите сојузници дополнителни системи за воздушна одбрана и технологија против беспилотни летала за подобро да се заштити од руските упади по инцидентот рано вчера наутро кога беспилотни летала што влегоа на нејзина територија од Украина и Белорусија беа соборени од силите на НАТО.
На барање на Полска, НАТО го активираше членот 4 од Северноатлантскиот договор за да започне консултации меѓу своите земји-членки во врска со нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на беспилотни летала.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство