Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД досега уништиле девет ирански воени бродови во нападите врз Иран.
„Тукушто бев информиран дека уништивме и потопивме девет ирански воени бродови, од кои некои се релативно големи и важни. Ги бркаме другите – наскоро ќе пловат на дното на морето! Во вториот напад, главно го уништивме нивниот поморски штаб. Освен тоа, нивната морнарица се справува многу добро“, рече Трамп во објава на Truth Social.
САД и Израел го нападнаа Иран вчера наутро во она што беше објавено како „превентивни напади“, откако не беше постигнат договор во дипломатските преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток.
МИA
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивиен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
