Трамп: Сојузниците се подготвени да испратат војници во Појасот Газа ако Хамас продолжи да го крши примирјето
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека неговите сојузници на Блиски Исток се подготвени на негово барање да испратат војници во Појасот Газа, ако Хамас не престане со кршење на договорот за прекин на огнот.
– Голем број од нашите сега главни сојузници на Блиски Исток и околните области експлицитно и цврсто ме информираа дека би ја поздравиле можноста, на мое барање, да влезат со сила во Газа и да го коригираат Хамас доколку продолжи да се однесува лошо кршејќи го нивниот договор со нас, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).
Тој додаде дека сè уште постои надеж оти Хамас ќе „направи тоа што е исправно“, но предупреди дека, во спротивно, „крајот на Хамас би бил брз и брутален“.
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс денеска пристигна во Израел и ќе се обиде да ја стабилизира првата фаза од примирјето во Појасот Газа. Предводено е тој утре да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин.
МИА
Ново на Сител
-
Вонредно обраќање на Вучиќ по пожарот пред Собранието на Србија
-
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-
Побаран притвор за шест лица и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница
-
Саркози во затвор го чуваат полицајци
-
Мицкоски оствари средба со кралот Чарлс
-
Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци
-
Улогата на Државна лотарија во развојот на спортот
-
Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“