Трамп со критики кон Кина за нејзината економска и воена политика

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп излезе со критика на кинеската економска и воена политика, пренесе ТАСС.
„Дали Кина не прашува кога ја обезвреднува својата валута (што на нашите компании им прави тешкотии да бидат конкурентни), да ги оптоварува со високи царини нашите стоки што влегуваат кај нив, или да гради голем воен комплекс на средината од Јужно Кинеско Море? Не мислам така!“, напиша Трамп на Твитер.
Пред тоа, тој презема необичаен потег, телефонски разговарајќи со тајванската претседателка Цај Ингвен, што предизвика кинески дипломатски протест против САД.
Новоизбраниот американски вицепретседател, Мајк Пенс, се обиде да го намали значењето на разговорот, изјавувајќи дека тоа било само гест на учтивост, а не дејствие што има за цел да покаже промена во американската политика кон Кина.
Според кинеските медиуми, разговорот на Трамп со тајванската претседателка го покажува неискуството на новоизбраниот американски претседател во надворешната политика.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
