Трамп: Си Џинпинг го одобрува договорот за ТикТок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажба на ТикТок на американски купувачи.
„Волстрит џурнал“ објави за наводна надомест од повеќе милијарди долари што купувачите на компанијата ќе ја платат на Министерството за финансии на САД. „Кинескиот претседател го одобри договорот за ТикТок“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека „тоа може да биде формалност“ за подоцнежно потпишување на договорот.
Договорот за ТикТок би можел да и донесе на американската влада надомест од повеќе милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Инвеститорите вклучени во договорот со ТикТок ќе платат неколку милијарди долари на Министерството за финансии на САД како компензација на владата за посредување во преговорите со Кина, се вели во извештајот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
