-->
-->
Трамп се залага САД да ги заштитува оние членки на НАТО кои ги исполнуваат финансиските обврски
-->
Кандидатот за претседател на САД од Републиканската партија Доналд Трамп изјави дека Вашингтон треба да ги заштитува земјите-членки на НАТО, само доколку тие ги извршуваат своите финансиски обврски, пренесе ТАСС.
- Само пет од 28-те земји кои влегуваат во НАТО, ги исполнуваат своите финансиски обврски, додаде Трамп на предизборна манифестација во градот Мелбурн во Флорида.
- Тие сакаат да ги заштитиме, тоа е нормално, но треба да си ги платат сметките. А сега плаќаат само пет од 28 земји членки, рече Трамп.
Тој истакна дека во последно време НАТО започна да посветува повеќе внимание на тероризмот по неговите изјави во таа насока.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени
-
Без вода дел од Батинци и Љубош
-
По повод почетокот на учебната година премиерот Мицкоски и министерката Јаневска во посета на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода
-
Почнува новата учебна 2025/2026 година
-
Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори
-
Вучиќ: Најголемата вредност на Србија е нејзиниот народ и затоа мора да разговараме
-
Без струја дел од корисниците на ул. „Иван Манолев“ во Бутел и ул. „Тодор Чангов“ во Аеродром
-
Путин: Обидите на Западот да ја внесе Украина во НАТО се причина за „украинската криза“