Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД.
Трамп се закани дека ако Кина не се повлече, доплнителните царини за увоз на кинески стоки ќе стапат во сила на 9 април.
-Покрај тоа, сите преговори со Кина во врска со побараните состаноци ќе бидат прекинати! Преговорите со другите земји, кои исто така побараа состаноци, ќе започнат веднаш – напиша Трамп денеска на социјалната мрежа „Трут соушал“.
Минатата недела Вашингтон воведе царини од 10 отсто за речиси сите земји во светот, и дополнителни, индивидуално зголемени царини за десетици други земји кои, според Белата куќа, ставиле високи бариери за увоз од САД. Тој рече дека нема да отстапи од својата трговска војна, со што се засилија стравувањата од глобален економска криза.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека