Трамп: Сакам да ги смирам Израел и Палестинците

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сака да „биде тој што ќе ги смири Израел и Палестинците“.
-Тоа би бил прекрасен успех, додаде Трамп за „Њујорк тајмс“.
Неговиот предлог за прогласување на Ерусалим за израелска престолнина, спротивно на досегашната американска политика, ги разбесне Палестинците, пренесе Индех.хр.
Републиканскиот милијардер додаде дека неговиот зет Џеред Кушнер, сопруг на неговата ќерка Иванка, може да има улога во евентуалните мировни преговори.
Кушнер, деловен човек и инвеститор, му беше близок соработник на Трамп во предизборната кампања. По изборите, Кушнер побара пристап до секојдневното безбедносно информирање во Белата куќа и на 17 ноември присуствуваше на средбата на Трамп со јапонскиот премиер, што беше неговата прва средба со некој странски лидер.
Израелската десница беше исклучително задоволна од победата на Трамп на изборите од 8 ноември и во неа виде навестување за продолжување и забрзување на изградбата на еврејските населби на окупираните палестински подрачја, па и крај на идејата за независна палестинска држава, наведува Индех.хр.
Екипата на Трамп, меѓутоа, ја повика израелската десница да не се занесува, изјави израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.
Актуелниот државен секретар Џон Кери со месеци наназад инсистираше на било какво придвижување во мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, но без успех.
Директните преговори меѓу двете страни се на мртва точка веќе 2,5 години.
Ново на Сител
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
