-->
-->
Трамп сака повеќе пари од сојузниците за американските бази на нивна територија
-->
Претседателот на САД Доналд Трамп сака сојузниците да плаќаат повеќе за американските воени бази на нивна територија. Тоа го јавија американски медиуми повикувајќи се на извори во Пентагон.
Едниот од изворите вели дека Белата куќа побарало од Министерството за одбрана да пресмета сума што може да биде добиена од сојузниците.
Според Блумберг, Трамп сака Германија, Јапонија и други држави каде САД имаат бази, да платат поголем дел од расходите – околу 50 % за „привилегијата да имаа бази“.
Тоа значи дека цената за некои држави ќе се зголеми пет или дури шест пати.
Во јануари Трамп рече дека некои од сојузниците се „толку богати што лесно ќе ја платат цената за својата заштита“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости