Трамп: САД се со Лондон, но потребна е забрана за патувања
Претседателот на САД, Доналд Трамп на Твитер го прокоментира синоќешниот терористички напад во Лондон, изразувајќи солидарност со жителите на главниот град на Велика Британија, а во истовреме ја промовира сопствената Уредба за забрана за патувања со авион од поединечни муслимански држави како дополнителна мерка за заштита на Американците.
- САД се тука за да им помогнат на Лондон и на Обединетото кралство. Со вас сме. Бог да ве блогослови, напиша Трамп на Твитер.
Тој додаде дека „мораме да бидеме паметни, внимателни и силни“.
- Судовите мора да ги вратат нашите права. Потребна ни е Уредба за забрана за патувања како дополнителна мерка за безбедност, истакна Трамп.
Британската полиција соопшти дека во синоќешниот напад на Лондонскиот мост загинале шест луѓе, а тројцата напаѓачи се елиминирани од полицијата.
Напаѓачите со возило удриле во пешаците на мостот, а потоа со ножеви нападнале луѓе во подрачјето на пазарот Бороу. По инцидентот хоспитаизирани се 48 лица.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест