Трамп: САД се повлекуваат од спогодбата за климатски промени
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД се повлекуваат од Париската спогодба за борба против климатските промени.
Трамп нагласи дека САД ја прекинуваат примената на сите незадолжителни елементи од Париската спогодба.
- Се повлекуваме. Со цел да ја исполнам возвишената должност за заштита на Америка и нејзините граѓани, САД ќе се повлечат од Париската спогодба за борба против климатските промени, изјави Трамп.
Тој на брифинг во Градината на розите изјави дека САД ќе почнат нови преговори за враќање во Париската спогодба или „во некоја целосно нова трансакција за условите, кои се фер кон САД, нивниот бизнис, нивните работници, нивниот народ, нивните даночни обврзници“.
- Ако можеме да обезбедиме фер договор, во ред, а ако не можеме, повторно во ред, изјави американскиот претседател.
Трамп истакна дека актуелната Париска спогодба ги става САД во „нерамноправна положба“ и дека поради неа се губат бизниси и се намалуваат платите.
- Оваа спогодба е помалку врзана за климата, а повеќе за тоа другите земји со неа да обезбедуваат финансиска предност во однос на САД. Тоа нема да се случува додека јас сум претседател, рече Трамп.
Тој посочи дека се обидува да воспостави највисоки стандарди на живеење, највисоко стандарди за заштита на животната средина.
- Јас сум избран да ги претставува граѓаните на Питсбург, а не граѓаните на Париз, рече Трамп, алудирајќи на тешката индустрија во тој американски град.
Американскиот претседател со овој чекор исполни едно од своите главни ветувања, но со тоа то ги поткопува напорите на светот за борба против климатските промени.
САД за време на владееењето на поранешниот претседател Барак Обама се согласија за намалување на емисијата на јаглероден диоксид и другите штетни гасови од 28 отсто од 2005 година на 26 отсто во 2025 година, што изнесува околу 1,6 милијарди тони.
Обама вчера упати кртика на ова одлука на Трамп, но изрази уверување дека американските сојузни држави и компании ќе продолжат поодговорно да работат на заштита на планетата.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре