Трамп: САД се целосно подготвени за воена опција во Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени за воена опција во решавањето на нуклеарната криза околу Северна Кореја и предупреди дека нејзиното евентуално спроведување ќе има многу сериозни последици врз Пјонгјанг.
- Целосно сме подготвени за втората опција, но таа не е најпосакуваната опција. Но, ако ја преземеме, ви кажувам, таа ќе биде катастрофална за Северна Кореја. Оваа опција се нарекува воена. Ако треба да ја примениме, ќе го направиме тоа, изјави Трамп на заедничка прес-конференција во Белата куќа со шпанскиот премиер Маријано Рахој.
Рахој рече дека Шпанија ќе поддржи секое политичко решение за решавање на кризата околу Северна Кореја.
САД воведоа нови санкции за осум севернокорејски банки и 26 банкарски раководители од Северна Кореја. Санкцииите се воведуваат врз основа на одлуката на Трамп, потпишана минатата недела и насочена против пристапот на Северна Кореја до меѓународниот банкарски систем.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе