Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Вашингтон „нема уште долго да ги толерира“ изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „далечниот“ крај на војната со Русија.
На својот профил на социјалната мрежа Трут сошл, Трамп сподели вест во која Зеленски наведува дека завршувањето на војната со Русија е „многу, многу далеку“ и ја нарече „најлошата изјава што Зеленски можел да ја даде“.
„Тоа е она што го кажав, овој човек не сака мир се додека ја има поддршката на Америка, а Европа јасно стави до знаење на средбата со Зеленски дека тие не можат да направат ништо без САД. Веројатно не толку добра изјава со цел да се покаже сила против Русија. Што мислеа тие?„, напиша Трамп.
Посетата на Зеленски на Белата куќа во петокот беше прекината откако тој влезе во жестока расправија со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на состанокот во Овалната соба. После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решавање на украинскиот конфликт и дека покажал непочитување кон САД.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат