Трамп: САД ќе интервенираат ако Иран продолжи насилно да ги потиснува мирните протести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ако Иран продолжи да „пука“ и „убива“ демонстранти, САД „ќе одат да ги спасат“.
– Подготвени сме да дејствуваме – рече шефот на државата во објава на неговата платформа за социјални медиуми, Трут Социјал (Truth Social).
Претходно денеска, растечките протести, предизвикани од влошената економска состојба на Иран, се прошириле во руралните области на Исламската Република, а бројот на жртви во судирите достигна најмалку седум.
Во понеделникот, за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неговиот имот во Флорида, Трамп рече дека ќе поддржи нови американски напади врз Иран ако азиската земја ги продолжи своите програми за балистички ракети или нуклеарно оружје.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пак, рече дека одговорот на Техеран на каква било агресија ќе биде „суров“ и „одвраќачки“.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
