Трамп: САД и Северна Кореја заемно се почитуваат
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека САД и Северна Кореја имаат заемно „големо почитување“, и покрај застојот во преговорите за нуклеарната програма.
– Многу добри работи ќе се случат во Северна Кореја… минавме долг пат, изјави Трамп на почетокот на разговорот со јапонскиот премиер Шинѕо Абе. Трамп појасни дека е изградена „добра почит… дури и голема почит меѓу САД и Северна Кореја“.
Трамп се наоѓа во посета на Токио како дел од дипломатската офанзива на Абе против протекционистичките мерки кои САД ги воведува кон други земји. Американскиот претседател е незадоволен од големиот јапонски трговски суфицит и разгледува воведување повисоки царини на јапонскиот извоз на автомобили доколку не биде постигнат билатерален трговски договор.
Инаку, Трамп и првата дама Меланија денеска беа свечено примени во Царската палата во Токио, каде ги пречекаа новиот јапонски цар Нарухито и царицата Масако. Трамп е првиот светски лидер кој се среќава со царот, кој на престолот се наоѓа од 1 мај.
Ново на Сител
-
Замисли“ и земи кредит до 60.000 денари со 0 проценти камата и без трошоци
-
Приведен криумчар, пронајдени 12 мигранти
-
Претрес во Гази Баба, пронајдена дрога, приведен дилер
-
ЦУ: Спречено криумчарење на делови за мобилни телефони и играчки со потпис на познати трговски марки
-
ОЈО со детали: Над 9 милиони денари штета од пожарот во Адвокатската комора
-
Најстудено на Попова Шапка
-
ФИФПро ги објави номинираните за идеален тим, доминација на Премиер лигата
-
Од САД за Украина нова помош од 725 милиони долари