Трамп: Русија се однесува дестабилизирачки

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Варшава го критикуваше однесувањето на Русија, опишувајќи ги акциите на Москва како дестабилизирачки.
- САД соработуваат со своите сојузници на спротиставување на акциите и дестабилизирачкото однесување на Русија, изјави Трамп во пресрет на утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург.
Тој додаде дека постои можност Русија да се вмешала во изборите во САД во 2016 година, но и дека и други држави биле вмешани за што „всушност никој сигурно не знае“.
Трамп осврнувајќи се на ракетната закана од Северна Кореја посочи дека САД разгледуваат „прилично сериозни опции“ како одговор на таквата закана, но тоа не значи оти ќе ги применат.
Американскиот претседател ја повика глобалната заедница да покаже дека постојат „последици од воинственоста и многу лошото однесување“ на Пјонгјанг.
Полскиот претседател Анджеј Дида по состанокот со Трамп изјави дека САД се сериозни за безбедноста на Полска.
- Ние сме лојални партнери кои соработуваат за низа прашања, меѓу другото и за безбедноста, наведе Дуда.
Ново на Сител
-

Израелската армија започна нови напади врз Техеран
-

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија
-

Ирански медиуми: Махмуд Ахмадинеџад убиен во воздушен напад во Техеран
-

Влада: Македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош амбасадите
-

Бројот на жртви во ракетниот напад во Беит Шемеш се искачи на шест
-

Израел отфрла вина за нападот врз иранското основно училиште за девојчиња
-

Пуштена во употреба реконструираната обиколница кај Крива Паланка, ќе се реконструира и граничниот премин Деве Баир
-

Лидерот на Хезболах жали за „маченикот“ Хамнеи
