Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на повеќе извори.
Весникот наведува дека Трамп разговарал со Путин во четвртокот, што бил нивен прв телефонски разговор по победата на Трамп на изборите, а една од темите на разговорот била војната во Украина.
Според изворите, Трамп му се јавил на Путин од неговото одморалиште на Флорида и за време на разговорот го повикал да не ескалира конфликтот со Украина.
Според извори на „Вашингтон пост“ кои сакале да останат анонимни, Трамп го потсетил Путин на силното американско воено присуство во Европа.
-Разговорот беше насочен кон постигнување мир во Европа, а Трамп изрази интерес за дополнителни разговори за брзо решение на војната во Украина, велат изворите на весникот.
Тие додадоа дека Трамп и Путин разговарале за постигнување мир на европскиот континент и дека Трамп „изразил интерес да го продолжи разговорот со темата за рано решавање на украинската војна“.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
