Трамп: Примирјето во Газа ќе започне откако Хамас ќе ја потврди линијата на повлекување на израелската војска

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот во конфликтот во Газа би можел да стапи на сила веднаш доколку исламистичката група Хамас се согласи на одредена линија на повлекување за израелската војска во крајбрежната територија, јави ДПА.
Израел веќе ја одобри почетната линија, напиша Трамп вчера на својата платформа Truth Social.
„Кога Хамас ќе потврди, прекинот на огнот ќе стапи ВЕДНАШ во сила, ќе започне размената на заложници и затвореници и ќе создадеме услови за следната фаза на повлекување“, наведе тој.
Трамп, исто така, објави графика што ја прикажува предложената линија во Газа.
Неговиот мировен план, објавен пред речиси една недела, не прецизираше конкретна рута на повлекување. Наместо тоа, во него се наведува дека израелските сили ќе се повлечат на договорената линија за да го олеснат ослободувањето на заложниците, суспендирајќи ги сите воени операции додека не се исполнат условите за целосно, фазно повлекување, потсетува германската агенција.
Пред објавата на Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војската ќе се репозиционира, но ќе продолжи да ги контролира стратешки важните области во Газа. Тој нагласи дека Хамас ќе биде разоружан, а територијата демилитаризирана, или дипломатски во согласност со планот на Трамп или преку воена акција.
Хамас се согласи со делови од планот на Трамп, но не го прифати експлицитно бараното разоружување, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
