Трамп: Претседателот на Колумбија е шверцер на дрога

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ќе ја намали американската помош за Колумбија затоа што претседателот на земјата „не прави ништо за да го спречи производството на дрога“.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп го нарече колумбискиот претседател Густаво Петро „нелегален шверцер на дрога“, кој, како што рече, има многу низок рејтинг на одобрување и е „многу непопуларен“.
Тој го предупреди Петро дека „подобро да ги прекине своите операции со дрога или САД ќе го сторат тоа наместо него – не на убав начин“.
Објавата е нов знак за тензии меѓу САД и еден од нивните најблиски сојузници во Латинска Америка.
Претходно денеска, колумбискиот претседател Петро ја обвини американската влада за кршење на поморскиот суверенитет на неговата земја и убиство на рибар за време на воено распоредување во Карибите, што Американците го претставуваат како операција против шверцери на дрога.
САД вчера соопштија дека враќаат во Колумбија и Еквадор двајца преживеани од нападот, шести од почетокот на септември. Најмалку 29 лица беа убиени во нападите, за кои САД велат дека биле насочени кон наводни шверцери на дрога.
Администрацијата на Трамп во септември ја обвини Колумбија дека не соработува во војната против дрогата, иако Вашингтон во тоа време ја ослободи Колумбија од санкциите што ќе предизвикаа намалување на помошта за земјата.
Колумбија е најголемиот извозник на кокаин во светот, а одгледувањето листови од кока достигна рекордно високо ниво минатата година, според Обединетите нации.
Петро синоќа изјави дека колумбиски рибар е убиен во нападот на 16 септември и го идентификуваше како Алехандро Каранза, од крајбрежниот град Санта Марија. Тој рече дека Каранза немал никаква врска со трговијата со дрога и дека неговиот брод не функционирал кога бил погоден.
„Функционерите на американската влада извршиле убиство и го прекршиле нашиот суверенитет во територијалните води. Колумбискиот брод пловел и имал вклучен сигнал за помош, со еден мотор. Барам објаснувања од американската влада“, напиша Петро.
Петро рече дека го известил канцеларијата на државниот обвинител и побарал од него веднаш да дејствува и да покрене судски постапки во меѓународните и американските судови. Тој продолжи да објавува низа пораки до рано утрово за убиството.
Вашингтон испрати значителни воени средства во Карибите, вклучувајќи седум бродови и невидливи авиони, претставувајќи го тоа како борба против трговијата со дрога, и изврши најмалку седум напади врз бродови и мали подморници во областа од почетокот на септември, при што загинаа најмалку 27 лица.
Легалноста на овие напади врз осомничени во странски или меѓународни води е предмет на дебата и не е потврдена или истражена.
Богота го осудува ова американско воено присуство во Карибите, кое конкретно е насочено кон Венецуела, чиј претседател, Николас Мадуро, Трамп го обвинува дека води голема организација за трговија со дрога во САД.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борис Кондарко, претседател на Државната изборна комисија
-

Изборен молк
-

Гласаат изнемоштени, болни и затвореници
-

Цеца на концерт во Велес развеа бугарско знаме
-

Бугарија забрани извоз на нафта, Македонија нема да биде погодена од ваквата мерка
-

Македонски Каритас преку проект ги мотивира младите за кариерен развој
-

Дневно во Клиниката „Козле“ имаат по 150 прегледи на болни деца
-

Рапиден раст на бројот на пациентите со мозочен удар
