Свет
2. September 2017 - 10:47

Трамп предлага помош од 7,9 милијарди долари за Тексас

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати барање до Конгресот за првична помош во износ од 7,9 милијарди долари за обновување на штетите од ураганот „Харви“, кој претходната недела го погоди Тексас.

Овој пакет е само прва рата од помошта, во која се вклучени станбена помош, чистење и финансисрање за обнова на куќите.

Белата куќа досега регистрирала повеќе од 436.000 барања за обновување на домовите.