Трамп повторно се закани со траен прекин на финансирањето на СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани дека трајно ќе го прекине финансисрањето на Светска здравствена органзиација, ако во следните 30 дена СЗО не постигне одредени подобрувања.
– Ако СЗО во следните 30 дена значително не се подобри, привремениот прекин на американското финансирање ќе го прогласам за трајно и ќе го разгледам нашето членство, наведува Трамп во писмото испратено до генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус.
Во писмото објавено на Твитер, Трамп наведува дека не може да дозволи „американските граѓани да плаќаат данок и да продолжат да финансираат организација, која во сегашниот облик така очигледно не служи на американските интереси“.
Во писмото се истакнува дека Гебреисус и СЗО ги повториле погрешните чекори во реагирање на пандемијата и оти Организацијата мора да докаже целосна независност кон Кина.
– Mојата администрација веќе почна разговори со Вас за тоа како да се реформира Oрганизацијата. Но, потребно е брзо да се преземе акција. Нема време за губење, предупредува Трамп во писмото.
Тој ја обвинува СЗО дека е „кинеска марионета“ и оти лошо раководела со одговорот на пандемијата со новиот коронавирус.
СЗО вчера соопшти дека што е можно побрзо ќе почне независна процена на преземените мерки во борбата против пандемијата со Ковид-19.
Трамп во април привремено го суспендира финансирањето на СЗО обвинувајќи дека Организацијара ги поддржува кинеските дезинформации за избивање на епидемијата со Ковид-19.
Ново на Сител
-   
          

Заедно седеле и пиеле но се скарале па половина час го тепал со шипка, детали за убиството во Дојран
 -   
          

Физичка пресметка во Неготино завршила со повредена девојка и приведени три неготинки
 -   
          

Вучиќ: Во потрага сме по двајца снајперисти дојдени пред неколку денови во Белград, не знаеме кои им се целите
 -   
          

При претрес на возило пронајдени се 6 ќеси марихуана, приведени две лица од тетовско | ФОТО
 -   
          

Андоновски: Владата го поддржува развојот на е-трговијата - преку стратегии, интероперабилност и намалена бирократија
 -   
          

Воведена нова процедура на Кардиологија - пациентите со сложени срцеви аритмии веќе нема да бидат упатувани во странство
 -   
          

АХВ: Започна превентивната вакцинација против антракс
 -   
          

Зеленски: Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген
 
