Трамп повторно ја урна вредноста на акциите на Амазон
Нов пад на вредноста на акциите на Амазон, овојпат од 6 проценти, се случи денеска, како резултат на судирот меѓу глобалниот трговски гигант и претседателот Доналд Трамп.
Во серија гневни Твитер пораки, претседателот Трамп повторно ја нападна компанијата на најбогатиот човек на светот Џеф Безос, обвинувајќи го дека поради него се затвораат помали продавници насекаде низ САД, додека масовното користење на американската пошта од страна на Амазон предизвикува дополнителни загуби за даночните обврзници.
- Само луѓе што се глупави, или нешто уште полошо, може да кажат дека нашата пошта - загубар заработува пари работејќи со Амазон. Поштата губи млијарди, но тоа ќе се смени. Исто така, продавниците кои плаќаат данок се затвораат... немаат фер терен за натпревар!, напиша Трамп.
Вредноста на акциите на Амазон падна на 1.362 долари, со што компанијата загуби уште 45 милијарди од својата вкупна вредност. Трамп се уште не објави какви мерки планира да преземе во врска со Амазон, а минатата недела навестуваште воведување на дополнителен данок за Амазон. Поштата на САД се соочува со големи загуби поради обврската да ги финансира пензиите на своите поранешни вработени, а поради застарениот модел на работа не успева да заработи доволно пари за доспеаните обврски.
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност