Трамп потпиша извршна наредба за почеток на програма за самодепортација
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека потпишал указ со кој се воведува пионерска програма за “самоиницијативна депортација на илегалните имигранти”.
“Денеска потпишав Извршна наредба за почеток на првата програма за самодепортација во историјата,” изјави Трамп.
Тој преку социјалната платформа Трут Соушл истакна дека нелегалните доселеници кои ќе решат да останат во САД, ќе се соочат со санкции, вклучувајќи и неочекувана депортација, на локација и начин кои ќе бидат исклучиво во нивна дискреција. “Илегалните странци кои ќе останат во Америка ќе се соочат со казни, вклучувајќи ненадејна депортација, на место и на начин што исклучиво ние ќе го избереме,” напиша Трамп.
Дополнително, Трамп потенцираше дека сите нелегални странци треба “веднаш да резервираат бесплатен лет.”
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница