Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп ноќеска изјави дека договор за завршување на војната во Украина би можел да биде постигнат по неговиот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, јави ДПА.
-Мислам дека сме доста блиску до договор. Сега погледнете, Украина мора да се согласи со тоа, изјави Трамп во интервју за Фокс њуз по состанокот. „Украина мора да се согласи. Мислам, знаете, претседателот Зеленски мора да се согласи“, додаде тој.
Првично не беше јасно дали Трамп веќе го информирал Зеленски за резултатите од разговорите во времето на интервјуто, пренесува германската агенција.
Кога беше прашан каков совет би му дал на Зеленски по самитот во Алјаска, тој одговори: „Направете договор“.
Американскиот претседател ја опиша Русија како „многу голема сила“, а Украина не.
За тоа колку би можел да биде блиску до договор, Трамп рече: „Секогаш велам, ако сум навистина блиску, велам 50:50, бидејќи толку многу работи можат да се случат. Но, мислам дека претседателот Путин би сакал да го реши проблемот“.
Американскиот претседател повтори неколку проценки што ги даде на краткото заедничко појавување со Путин по речиси тричасовниот самит. На тоа појавување, Трамп рече дека двајцата лидери се согласиле за многу точки, но сè уште не постигнале заедничка цел.
На прес конференцијката не им беше дозволено на новинарите да поставуваат прашања и не беа објавени никакви детали за дискусиите или каков било писмен документ, јавува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025