Трамп: Ова е политички прогон, овој лов на вештери ќе му се одбие од глава на Бајден
Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата. Од времето кога се симнав по златниот ескалатор на кулата Трамп, па дури и пред да положам заклетва како ваш претседател на САД, радикалните леви демократи – непријателот на вредните мажи и жени во оваа земја – беа вклучени во лов на вештерки за да го уништат движењето „Направи ја Америка повторно голема“, рече Трамп во обраќањето откако Големата порота на Менхетен гласаше да се покрене обвинение против него поради наводни исплати на порно глумицата Сторми Даниелс.
– Демократите лажеа, мамеа и крадеа во нивната опсесија да се обидат да го „добијат Трамп“, но сега го направија незамисливото – обвинија целосно невина личност за чин на очигледно мешање во изборите- рече Трамп.
Поранешниот американски претседател го обвини Џорџ Сорос дека лично го избрал и го финансирал обвинителот и истакна дека тоа е срамота.
– Наместо да го запре невидениот бран на криминал што го зафати Њујорк, тој ја врши валканата работа на Бајден, игнорирајќи ги убиствата, кражбите и нападите кои треба да бидат во фокусот – рече Трамп.
Тој верува дека овој „лов на вештерки ќе му се одбие од глава на Бајден“.
– Сите можат да го видат тоа. Нашето движење и нашата партија – обединета и силна – прво ќе го победат обвинителот, а потоа ќе го победиме Бајден и ќе ги симнеме сите овие нечесни демократи од функцијата, па ќе ја направиме Америка повторно голема – заклучи Трамп.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
