Трамп: Ограничувањето на миграцијата во САД не е насочена против муслиманите

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера соопшти дека указот за затворање на границите за некои бегалци и странци не е насочено кон муслиманите.
- За да бидат нештата јасни, не станува збор за забрана насочена кон муслиманите, како што медиумите погрешно известуваат. Тоа нема ништо заедничко со религијата, станува збор за тероризмот и безбедноста на нашата земја, посочи Трамп.
Тој додаде дека во светот има над 40 држави, каде поголемиот дел од населението се муслимани, кои не се засегнати од указот.
Трамп посочи и дека поранешниот претседател Барак Обама во 2011 година забарани шестмесечно издавање на визи за бегалци од Ирак. Седумте држави наведени во указот (Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан) се истите кои претходно од администрацијата на Обама биле посочени како извори на тероризмот.
Претседателот на САД наведе дека повторно ќе се издаваат визи за граѓаните од седумте држави откако ќе бидат воведени нови процедури за контрола и безбедност во рок од 90 дена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
