Трамп: Обвинувањата против мене за сексуалното вознемирување се „приказни“
Американскиот претседател Доналд Трамп, кого десетина жени уште го обвинија за „недолично секусално однесување“, денеска изјави дека станува збор за „лажни обвинувања и приказни" од страна на жените што тој „не ги познава или никогаш не ги запознал".
Трамп беше нападнат на Твитер ден откако три жени ги повторија ланските обвинувања против него за сексуално малтретирање во емисијата „Меган Кели денес" на телвизијата Ен-Би-Си.
- Демократите не успеаја да докажат никаков заговор со Русија и сега преминуваат кон овие обвиненија. Лажни вести!, напиша Трамп на Твитер.
Трите жени - Џесика Лидс, Саманта Холвеј и Рејчел Крокс, лало што претходно јави МИА, вчера на прес-конференција го повикаа Конгресот да отпоче официјална истрага за „непримерното однесување“ на Трамп.
Крокс лани го обвини Трамп дека на сила ја бакнал во 2005 година, кога работела на рецепцијата во „Трамп тауер“ во Њујорк, Холвеј тврди дека американскиот претседател без покана упаднал во нејзината гардероба за време на изборот за Мис на САД во 2012 година, додека Лидс го обвинува дека непримерно ја допирал и бакнувал додека седела до него во авион кон крајот на 70-те години на минатиот век.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, преходно беше задолжена да обезбеди листа на очевидци, чии искази би ги потврдиле или негирале обвинувањата, но таа се уште не е готова.
Трамп досега во повеќе наврати ги отфрли ваквите обвинувања, а Белата куќа синоќа оцени дека „прашањето е затворено“ со неговата изборна победа.
- За овие лажни тврдења, кои во повеќето случаи беа оспорени со изјави на очевидци, долго се расправаше во текот на ланската кампања и американскиот народ го изнесе својот став обезбедувајќи му решавачка победа, соопшти Белата куќа, додавајќи дека станува збор за „политички мотивирани обвинувања“.
Ново на Сител
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?
-
Весна Дамева си поднесе оставка
-
Бајрами: Запален е мојот автомобил
-
Верските лидери повикуваат на смиреност
-
Со намалени цени во зима до повеќе туристи
-
Преглед на вестите од светот
-
Забрана за движење на повеќе патни правци