Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако во изминатите недели имаше шпекулации за тоа.
Трамп, кој постојано ја споменуваше можноста за трет мандат откако се врати во Белата куќа во јануари, ја отфрли таа можност, што е забрането со Уставот.
„Тоа не е она што се обидувам да го направам“, рече Трамп.
„Сакам да имам четири многу добри години, а потоа да се повлечам и да направам место за некој друг, идеално за одличен републиканец“, додаде Трамп, кој ги именуваше својот потпретседател Венс и државниот секретар Марко Рубио за потенцијални наследници.
„Ќе бидам претседател осум години, претседател со два мандата. Секогаш мислев дека тоа е важно“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си – Њуз.
На прашањето дали на странците на американска почва треба да им се обезбеди фер судење, како што е предвидено во Уставот, републиканскиот милијардер рече дека не е адвокат и не знае.
Трамп ја стави борбата против нелегалната имиграција на прво место, зборувајќи за „инвазија на криминалци од странство“ и организирајќи полициски операции за нејзино спречување
Ново на Сител
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија
-
Калас: Ризикот од ескалација на Блискиот исток е опасно висок
-
Напаѓач преправен во полицаец пукаше во домовите на политичари во Минесота
-
Приведен 67-годишник од Крушево кој управувал возило со 2,09 промили алкохол во крвта
-
Дејвис куп: Македонија загуби од Летонија, но избори пласман во Втора Светска група