Трамп не ја отфрли можноста за употреба на сила за преземање на Панамскиот канал и Гренланд
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп одби да ја отфрли можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на Панамскиот канал и ГренландТрамп, кој стапува на должност на 20 јануари, на прес-конференција во неговото одморалиште на Флорида ја претстави идејата за претворање на Канада во сојузна држава на САД, и вети дека ќе го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив.
Две недели пред преземањето на функцијата, Трамп почна да скицира агресивна надворешна политика, без оглед на загриженоста на американските сојузници.
Запрашан дали може да гарантира дека нема да употреби воена или економска сила во обид да воспостави контрола над Панамскиот канал и Гренланд, Трамп рече дека не може да го каже тоа со сигурност.
„Можам само да кажам дека ни се потребни за економска безбедност“, додаде тој.
Трамп ги критикуваше трошоците на САД за канадски стоки и воената поддршка за Канада, нагласувајќи дека САД немаат корист од тоа, а границата меѓу двете земји ја нарече „вештачки повлечена линија“.
Тој посочи дека ќе воведе царини за Данска доколку таа се спротивстави на неговата понуда да го купи Гренланд, за која рече дека е од витално значење за националната безбедност на САД.
Данска соопшти дека Гренланд, самоуправен дел од нејзиното кралство, не е на продажба. Непосредно пред коментарите на Трамп, неговиот син Дон Џуниор, пристигна во приватна посета на Гренланд.
Ново на Сител
-
Тоа што потекнувам од мала земја беше мојот поттик да успеам | Славчо Темелковски | Sitel Podcast 114
-
ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк
-
ЦУК: Под контрола пожарот кај депонијата Дрисла, изгаснати 10 пожари
-
Следните два дена ќе се одвива авионска дезинсекција против комарци на подрачјето на град Скопје
-
Зеленски: Безбедносните гаранции можат да се воведат и пред крај на војната
-
Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година
-
Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата
-
Газета дело спорт: Ѓоковиќ се пресели во Атина